https://www.flickr.com/photos/130819462@N04/25666513072/in/photolist-F74A8s-BoaUA-2uQPF-pwdZvA-2rMyxJ-6nmFWS-3DWuB-H59RQ-6dWQih-RAuGNx-crnAoC-4Qz3N8-CRpw1-XC81JY-ptJUWr-f9CWPB-ebQ3j7-211pwAa-6eWPcL-6hETpG-4asgJp-6u1g3-62UGAZ-NeLvv-2hPCMD7-6pWEAp-5vpkmX-pz3C-21xfv-vx5m-7cXPGr-vU5hHU-73QXD-4jNqYH-6NjhEz-beWrB2-2fRx42a-65uhiC-2hj1Fkz-bzDg4K-4p4dXk-4sZsQd-9Y1oWe-8TD3bz-7PeLGx-5h6Dma-qh4ETS-9nRc4D-dkDcr-4oGMCs

12.04.2023 Скопје

Педесет и шест годишна жена од Гвангдонг во Кина е првата регистрирана жртва од вирусот на птичјиот грип Х3Н8 кај човек.

Овој вирус бил регистриран во 2002 година кај дива патка во Северна Америка, а откриен е и кај коњи, кучиња и фоки, но никогаш досега кај човек.

Долготрајниот престој во директен контакт со птици сигурно е битен фактор за „прескокнувањето“ на разните типови на вирусот на птичјиот грип, но потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали Х3Н8 се разликува од сродните вируси.

Во април и во мај биле регистрирани првите луѓе заразени од Х3Н8, исто така во Кина, едниот пациент лесно заздравел, а другиот бил тешко болен, во извештајот било наведено дека и тие биле долготрајно во директен допир со птици.

Од СЗО известија дека прв впечаток за овој вирус е дека нема способност лесно да се префрли од човек на човек, и поради тоа ризикот на национално, регионално и светско ниво е низок, но сепак тие будно ќе го следат ширењето на овој вирус и доколку дојде до додатни компликации веднаш соодветно ќе реагираат.

Подготвено од М.Н.

About Author