17.04.2023 Скопје
На автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица и Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје.
При преглед во возилото „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал лицето И.Б. биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија, од кои дел малолетници, соопшти МВР.
Во соопштението од МВР, наведено е дека лицето И.Б. не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и со возилото ја скршил рампата на наплатната станица, по што се обидел да избега.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица каде по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Подготвено од М.Н.