07.04.2023 Скопје
Компанијата „Стелантис“ при презентација на податоци за производството на автомобилската групација за првиот квартал од 2023 година, соопшти дека бројката за првите три месеци од оваа година е позитивна во однос на 2022 година. Најголем бенефит од овој плус се производствените центри во Торино и Помилијано д’Арко, кои го поттикнуваат растот со електричните 500 и Алфа Ромео автомобили.
Во главниот град на Пиемонте растот на производството е +18,4 отсто, додека во Помиљано растот е уште позабележителен со +22,7 отсто.
Единствениот столб со знак минус беше оној на фабриката Севел Атеса со -10,6 отсто за производство на комерцијални возила, но според соопштение на компанијата овој негативен податок е предизвикан од недостигот на материјали.
Подготвено од М.Н.