hari i megan markl

13.04.2023 Скопје

Бакингемската палата ја потврди информацијата со соопштение, истакнувајќи дека со задоволство потврдуваат дека војводата од Сасекс, принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, во Вестминстерската опатија на 6 мај.

Неговата сопруга Меган Маркл ќе остане во Калифорнија со едногодишната Лилибет и Арчи, чиј четврти роденден е на истиот ден со настанот, пишуваат медиумите.

Војводата од Сасекс ќе присуствува само на самата церемонија, која најверојатно ќе трае неколку часа, а потоа ќе се врати во Калифорнија каде заедно со Меган ќе го прослават роденденот на Арчи.

Ова ќе биде прва средба на Хари со членовите на кралското семејство по објавувањето на неговата книга „Резерва“ (Spare).

Подготвено од М.Н.

About Author