28.04.2023 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 20-годишниот Б.В. од село Велешта, струшко.
Во соопштението од МВР се наведува дека, при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.
Приведеното лице било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Подгготвено од М.Н.