26.04.2023 Скопје
Глобалниот производител на играчки Mattel ја претстави првата играчка Барби со Даунов синдром.
Компанијата Mattel во оваа кампања ја вклучила и британската манекенка Ели Голдстајн, која е родена со Даунов синдром.
Според компанијата, ова е посебен и историски настан за нивната компанија, која работеше во соработка со Американското национално здружение на луѓе со Даунов синдром (NDSS) на дизајнот на куклата, а ова е првата кукла која ги претставува луѓето со пречки во развојот.
Новата играчка е дел од палетата „Fashionistas“ и чини 13,99 фунти и може да се нарача од денес.
Подготвено од А.Ѓ.