https://www.facebook.com/photo/?fbid=769736031406212&set=pcb.769736161406199

07.04.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на српската национална телевизија се осврна на состојбите во светот и во Србија. Вучиќ го коментираше и неговото „владеење“, и истакна дека државата има безброј проблеми откако тој е на власт.

Вучиќ на почетокот на гостувањето истакна дека од 2014 година, кога тој беше на чело на владата, Србија воведе најтешки мерки, и додаде дека нема да биде тој што ќе победи на следните претседателски избори во Србија.

„Коронавирусот се надоврза на се, потоа дојде војната во Украина и ги наруши не само глобалните планови, туку дополнително ја влоши позицијата во регионот“, продолжи Вучиќ.

„Војната во Украина ни дојде како кец на десетка за целосно да го наруши глобалниот систем и да не стави во тешка ситуација поради спецификите на нашите односи со Руската Федерација и да ја отежне ситуацијата во регионот бидејќи сите се обидоа да го користат против Србија“.

„Моравме да поминеме низ фискална консолидација, а исто така ги имавме и најлошите поплави, миграции, над милион луѓе поминаа на нашата територија. Моравме да ја зачуваме стабилноста и мирот. Имавме и огромни притисоци околу Косово“, истакна претседателот на Србија, Вучиќ.

Вучиќ го прочита и позитивното мислење на ММФ за српската економија и порача дека луѓето мора да научат да се однесуваат сериозно и одговорно.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на крајот повторно додаде дека на следнте избори нема да се кандидира и дека тој си ги знае своите граници и знае колку може да се бори.

Подготвено од М.Н.

About Author