20.04.2023 Скопје
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди Саудиска Арабија на опасноста од обновување на дипломатските односи со Иран по договорот постигнат со посредство на Кина.
Израелскиот лидер оваа изјава ја даде по повторното воспоставување на дипломатските односи меѓу Ријад и Техеран според договорот за кој експертите велат дека е удар за планот на Нетанјаху да го изолира Иран во регионот и напорите за нормализирање на односите со Саудиска Арабија.
Нетанјаху истакна дека деведесет и пет отсто од проблемите на Блискиот Исток потекнуваат од Иран, и додаде дека одлуката на Саудиска Арабија не се гледа како пречка за амбициите на Израел.
Подготвено од М.Н.