05.04.2023 Скопје
Со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата, премиерот Димитар Ковачевски го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој допатува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Во делегацијата заедно со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се и високи претставници за економски прашања и за надворешни работи и претставници од хрватскиот Сабор.
Во состав на македонската делегација на средбата ќе бидат вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе има и свое обраѓање пред пратениците во Собранието.
Подготвено од М.Н.