29.02.2023 Скопје
Армијата на САД вчера им нареди на своите воздухопловни единици да ги запрат сите операции на еден ден за да ги разгледаат безбедносните процедури и обуката по неодамнешните две хеликоптерски несреќи во кои загинаа 12 војници.
Тројца пилоти на американската армија загинаа во четвртокот на Алјаска, каде што се судрија два хеликоптери Апачи. Минатиот месец девет војници загинаа кога два хеликоптери „Блек Хок“ се урнаа за време на тренинг вежба во воздушниот простор над Кентаки.
Во соопштението е истакнато дека овој потег ќе ги приземји сите воени пилоти, освен оние кои учествуваат во критичните мисии, се додека не ја завршат потребната обука.
Американското воено воздухопловство за спроведување на оваа одлука го има на располагање периодот од 1 до 5 мај, додека Националната гарда и резервниот персонал ќе можат да ја поминат потребната обука која трае до 31 мај.
Подготвено од М.Н.