29.04.2023 Скопје
Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, на својот официјален фејзбук профил објави дека поднела иницијатива согласно член 18. од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја до Советот на Општина Тетово за оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце.
„Овие настани не треба и не смее да не разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат“, напиша министерката Славјанка Петровска.
Подготвено од М.Н.