https://www.facebook.com/photo/?fbid=734713968027722&set=pcb.734713991361053

01.04.2023 Скопје

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, во текот на вчерашната официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, потпишаа меморандум за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека со меморандумот се овозможува граѓаните на двете држави да можат да плаќаат патарина преку електронскиот систем користејќи иста електронска картичка или електронски таг во двете земји.

Ова создава услови за зајакнување на соработката во областа на патниот сообраќај, развој и модернизација на транспортниот систем, подобрување на меѓусебната поврзаност, како и дополнително укинување на административните бариери заради слободно движење на патниците.

Во соопштението се наведува и дека Бочварски оствари средба со со неговиот колега, министерот Весиќ, на која разговараа за интензивирање на соработката во делот на инфраструктурата помеѓу двете држави. Во фокусот на разговорот бил и проектот за изградба на железничка станица во Табановце, со која би се подигнале капацитетите на железничкиот систем, би се интензивирало и зајакнало регионалното поврзување, како и отворање на можноста за либерализација на патниот транспорт.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author