07.04.2023 Скопје
Денес е последниот ден од официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Кина. Тие денес ќе отпатуваат за Гуангжу на југот на Кина, каде ќе се остварат средба со младите кои студираат во Кина.
Макрон вчера го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да преговара со Русија за војната во Украина и да не испраќа оружје во Москва. Францускиот претседател, кој е во официјална посета на Кина, јасно стави до знаење дека сака да ја одврати Кина да ја поддржи руската инвазија на Украина.
Претседателот на Кина по средбата со францускиот претседател Макрон изјави дека е подготвен да повика што поскоро обновување на преговорите заедно со Франција.
Подготвено од М.Н.