05.04.2023 Скопје
Центарот за управување со кризи доцна синоќа соопшти дека сообраќајот на делницата на автопатот Скопје – Велес е во прекин поради голем одрон. Одронот бил во близина на наплатната станица Сопот, кај бензинската пумпа „Детоил ветерско 9“.
Од Секторот за операции и координација во ЦУК ги известиле и Регионалниот ЦУК Велес од каде што добиле известување дека полицијата била веќе пристигната на лице место.
Паралелно со оваа активност оперативците ги известиле и надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат, стои во соопштението од центарот за управување со кризи.
Подготвено од М.Н.