06.04.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на вчерашната посета на Варшава изјави дека Полска одиграла клучна улога во договорите со западните сојузници за испраќање тенкови во Украина.
Украина исто така со месеци бара од западните сојузници да и испратат модерни борбени авиони, но досега само Полска испрати неколку советски борбени авиони МиГ-29.
Полската влада соопшти дека може да испрати уште 10 ловци МиГ во Украина, покрај четирите што ги испрати претходно.
Досега ниту САД, ниту некоја друга голема западна сила не одлучиле да испратат западни ловци од типот Ф-16 во Украина, што Киев го има побарано.
Подготвено од М.Н.