https://www.facebook.com/photo?fbid=789575012523822&set=pb.100044139924327.-2207520000.

05.04.2023 Скопје

Соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава беа тема на разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Османи со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека во разговорите што се одржале на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, Шоле и Блинкен изразиле силна поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија што е споделен стратешки интерес на државата и САД и влог во целокупната регионална стабилност.

Подготвено од М.Н.

About Author