15.04.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците.
На денешната средба во Ханој на Блинкен со премиерот на Виетнам, Фам Мин Чин беше ветено дека ќе се подигнат билатералните односи на повисоко ниво.
И покрај загриженоста за состојбата со човековите права во Виетнам, за Вашингтон Ханој е клучна компонента за американската стратегија за регионот и се обидува да го искористи традиционалното ривалство на Виетнам со Кина за да го прошири американското влијание во регионот.
Подготвено од М.Н.