19.04.2023 Скопје
Доцна синоќа во Естонија НАТО ја почна најголема вежба за кибер одбрана во светот, со повеќе од 3.000 учесници од 38 земји, со цел да се развие подобра одбрана од софистицирани кибер закани.
Вежбата Locked Shields се одржува секоја година, а домаќин е CCDCOE, еден од центрите на НАТО, лоциран во Талин, главниот град на Естонија.
Оваа вежба вклучува одбрана на компјутерски системи од напади во реално време, како и известување за инциденти, донесување стратешки одлуки и решавање на форензички, правни и медиумски предизвици.
Вежбата за кибер одбрана оваа година ќе трае до 21 април.
Подготвено од М.Н.