https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

01.04.2023 Скопје

Во Црна Гора на полноќ почна изборниот молк во пресрет на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи утре.

Во вториот круг ќе се натпреваруваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ и на движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ.

Ѓукановиќ во првиот круг освои 35,3 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,9 отсто.

Право на глас на претседателските избори во Црна Гора имаат 542.154 граѓани.

Избирачките места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот.

Изборите ќе ги следат домашни и странски набљудувачи.

Мандатот на претседателот на Црна Гора е пет години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author