07.04.2023 Скопје
Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во Скопје ќе организира крос трка, по втор пат оваа година, овој пат по повод Меѓународниот ден на здравјето-7 април.
Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат деца од градинките од град Скопје и околината. Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк со почеток од 11 часот.
Ќе се трча на 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња, а ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4×50 метри.
Од Детскиот културен центар „Карпош“, соопштија дека целта на оваа манифестација е да се одбележи Меѓународниот ден на здравјето и да се испрати јасна порака, „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе допринесат за долг и здрав живот“.
Подготвено од М.Н.