migranti sad

25.04.2023 Скопје

За прв пат од пандемијата Ковид-19, вчера полета првиот авион за депортација од САД за Куба, неколку месеци откако земјата се согласи да прифати летови со Кубанци фатени на границата меѓу САД и Мексико.

Кубанската Влада го потврди пристигнувањето на летот, и на Твитер соопшти дека во авионот имало 40 Кубанци пресретнати во чамци и 83 уапсени на границата меѓу САД и Мексико.

Администрацијата на претседателот на Америка, Џо Бајден, во јануари почна да ги депортира државјаните на Куба, Хаити и Никарагва, кои ја преминале границата меѓу САД и Мексико, назад во Мексико врз основа на т.н. Мерки 42, а во исто време отвара нови правни патишта за овие групи на луѓе.

Подготвено од М.Н.

About Author