https://www.facebook.com/277860846222807/photos/pb.100079609531649.-2207520000./325615351447356/?type=3

06.04.2023 Скопје

Мило Ѓукановиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС). Ѓукановиќ беше на чело на оваа партија од 1998 година.

Мило Ѓукановиќ беше премиер на Црна Гора во четири мандати: од 1991 до 1993 година, од 1993 до 1996 година, од 1996 до 1998 година, од 2003 до 2006 година, од 2008 до 2010 година и од 2016 до 2018 година. Тој беше претседател на Црна Гора од 1998 до 2002 година, а вршител на должноста министер за внатрешни работи во 2006 година.

За ваквата одлука Ѓукановиќ ги информирал своите сопартијци. Седницата на Главниот одбор се очекува да се одржи наскоро.

Подготвено од М.Н.

About Author