https://www.flickr.com/photos/mindfrieze/2196640900

12.04.2023 Скопје

Тајните документи на Пентагон кои „протекоа“ на социјалните мрежи покажуваат песимистичко американско гледање на воената ситуација во Украина, укажуваат на украинските проблеми со вооружувањето и противвоздушната одбрана и предвидуваат дека во наредните месеци ќе има застој во војната.

Неколку доверливи документи предупредуваат дека украинската противвоздушна одбрана со среден дострел за заштита на војниците од фронтот ќе биде „целосно исцрпена до 23 мај“, што сугерира дека Русија наскоро би можела да има воздушна супериорност и дека Украина може да ја изгуби способноста да собере копнени сили во контраофанзива.

Во документот, означен како „строго доверлив“, се наведува дека Киев се соочува со значителни „недостиг на генерирање сила и одржување“ и затоа најверојатно ќе оствари само „скромни територијални придобивки“, наведуваат медиумите.

Официјални лица запознаени со ситуацијата изјавија пак, дека се чини дека документите се дел од дневниот разузнавачки брифинг подготвен за високи лидери на Пентагон, вклучувајќи го и началникот на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили.

Подготвено од М.Н.

About Author