14.04.2023 Скопје
Американското Министерство за правда вчера го уапси 21-годишниот Џек Теишер, осомничен во неодамнешниот случај за објавување разузнавачки информации од Пентагон.
Осомничениот Теишер денеска треба да се појави пред судот во Масачусетс, каде ќе се утврдува неговата поврзаност со објавувањето на доверливите документи од Пентагон.
Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, изјави дека истекувањето на доверливи информации е „намерно, криминално дело“, и тоа наскоро ќе биде докажано и пред судот.
Подготвено од М.Н.