11.04.2023 Скопје
Причините за загубите се непознати, но Џанг е сè уште втор најбогат претприемач во светот помлад од 40 години, со богатство проценето на 37 милијарди долари, според статистичките податоци објавени од кинеската фирма Hurun.
Пред него е Марк Цукерберг, шеф на американскиот технолошки гигант Мета – сопственик на Фејсбук и Инстаграм – чие богатство Хурун го процени на 68 милијарди долари.
Според рангирањето, Цукерберг исто така изгубил пари минатата година во износ од 8 милијарди долари.
Џанг беше ко-основач на ByteDance во Пекинг во 2012 година, но поднесе оставка од групата во 2021 година во екот на регулаторните заострувања на кинеската технолошка индустрија.
Успехот на ByteDance во висококонкурентниот интернет сектор во Кина е во голема мера благодарение на нејзината популарна апликација за кратко видео Douyin. Апликацијата е највредниот старт-ап на глобално ниво, со пазарна капитализација од 200 милијарди долари.
Неговата меѓународна верзија, TikTok, е многу популарна кај тинејџерите ширум светот, но загриженоста за националната безбедност ја остави нејзината иднина неизвесна во многу земји.
Критичарите велат дека TikTok им дозволува на кинеските власти пристап до глобалните кориснички податоци – наводи што компанијата жестоко ги отфрли.
Сепак, владите на САД, Канада, Велика Британија и Австралија, како и Европската комисија, неодамна им забранија на своите службеници да инсталираат TikTok на работните телефони.
И Вашингтон ѝ се закани на апликацијата со целосна забрана, а шефот на TikTok, Шоу Зи Џу, неодамна беше изнесен пред сослушување во американскиот Конгрес за да ја брани.
Подготвено од А.Ѓ.