https://www.facebook.com/photo/?fbid=10155433001909850&set=a.292723172891720

06.04.2023 Скопје

Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија.

Република Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада, додаваат од МНР.

Ова соопштение на МНР доаѓа откако претходно шефот на бугарската дипломатија Николај Милков на брифинг со новинарите изјавил дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author