https://www.facebook.com/photo?fbid=793967178751272&set=pb.100044139924327.-2207520000.

12.04.2023 Скопје

Главна тема на денешната средба на министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, беше дијалогот за мир меѓу Азејбејџан и Ерменија, соопштија од МНР.

Османи најавил дека ќе продлжи со избалансиран пристап, а ОБСЕ со сите свои предизвици со кои се соочува, се уште претставува форум кој е вистински заинтересиран да види мир во овој клучен регион.

Османи исто така побарал поддршка од Азербејџан, како долгогодишен партнер на ОБСЕ, за решавањето на најитните прашања на Организацијата и на тој начин подобро справување со безбедносните предизвици што го засегаат Јужен Кавказ, но и поширокиот регион на ОБСЕ.

Како што соопшти МНР, Османи денеска ќе има средба и со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов и со претседателката на Националното собрание на Азербејџан, Сахиба Гафарова.

Подготвено од М.Н.

About Author