gradovi morinja

19.04.2023 Скопје

Високиот претставник на ОН, Антонио Гутереш, истакна дека цели земји се изложени на ризик, наведувајќи ги Бангладеш, Кина, Индија и Холандија. Воедно, додаде дека опасноста влијае на „мега градовите на секој континент“ и меѓу другото го наведе Лондон.

Гутереш потсети дека подемот на морињата „го загрозува животот и го загрозува пристапот до вода, храна и здравствена заштита“ и е и проблем сам по себе и „мултипликатор“ на други закани и веќе создава „нови извори на нестабилност и конфликти“. Меѓу загрозените градови е и главниот град на Данска, Копенхаген.

Генералниот секретар на ОН потоа ги наведе податоците од Светската метеоролошка организација, потсетувајќи дека „глобалното просечно ниво на морињата се зголеми побрзо од 1900 година отколку во кој било претходен век во изминатите 3.000 години“, додавајќи дека зголемувањето на морињата, исто така, би ги ставило на ризик и Лос Анџелес и Њујорк.

Гутереш потоа ги спомна Буенос Аирес и Сантијаго меѓу градовите во опасност да се соочат со последиците од подемот на морињата.

„Глобалниот океан“, рече Гутереш, „се загреа побрзо во минатиот век отколку кога било во последните 11.000 години“.

Гутереш потоа упати апел за решавање на проблемот. Три главни точки: првата е „да се избегне надминување на +1,5 степени, иако со сегашните политики се приближуваме до 2,8 степени, смртна казна за ранливите земји“. Исто така, под огромен ризик се и Каиро, Лагос, Мапуто и Бангкок

Меѓу градовите се споменуваат и Дака, Џакарта, Мумбај и Шангај.

За Гутереш, неопходно е да се работи на безбедносниот аспект, како на пример на „системи за рано предупредување за подготовка и заштита на заедниците“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author