13.04.2023 Скопје
ОЈО Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен битолчанец, за кого биле обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека од февруари годинава во повеќе наврати неовластено држел и продавал наркотична дрога хероин.
Од Основното Јавно Обвинителство известија дека, при извршен претрес на 10 април, полициски службеници кај лицето пронашле 12 грама хероин за која имал намера да ја препродаде на наркозависници.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи оценил дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото, соопштија од ЈО Битола.
Предлогот бил прифатен од судот и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Подготвено од М.Н.