https://www.flickr.com/photos/130148356@N08/16727181138/in/photolist-ru8bbN-cxxjFm-gTFmmG-oUYbju-cv5Xxh-o9jLP-oibWe5-dctUdR-nRzea6-bNdh4-72uYVn-dkcVHL-ZT6Cfs-8vKv7M-xCCpjE-ZT6De1-fPck6p-9N749o-DQBuDh-fPrFNN-ZT6Coo-21VDYLb-ZT6Dg5-DQBuVj-21VDZaC-7k23vz-21VDY63-a4VBEV-DQBv83-21TzFPu-ZC4N2g-ZT6CSQ-chbF3m-21VDYUC-pXQsLQ-HS2xot-ZPBWQ5-21VDYMd-7z1THG-H2UfFp-21VDZgj-ZT6DeS-9rNEcT-c5LHYj-2foH2EK-JZTYjp-7dQiLV-c5LJaE-pmNZMN-JbqR4F

14.04.2023 Скопје

Денеска официјално почна кампањата за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај.

На изборите ќе учествуваат 48 политички партии, со околу 22.000 кандидати, кои претендираат да влезат во новата локалната власт во 61 општина, а од вкупниот број, 141 кандидат ќе се тркаат за градоначалничка функција.

Политичките партии ќе ги презентираат своите програми до 12 мај на полноќ, кога настапува изборниот молк.

Трката за новата локалната власт ќе се води главно меѓу Социјалистичката партија на Рама и Коалицијата „Победуваме заедно“ предводена од Мета во која е и крилото на демократите на Сали Бериша.

Во сите општини кандидати имаат Социјалистичката партија на Еди Рама, поддржани од други партии и изборната коалиција „Заедно победуваме“, предводена од Партијата на слободата на Илир Мета. Демократската партија на Енкелеј Алибеај свои кандидати има во 14, а само во две општини Саранда и Девол има по еден независен кандидат.

Во 45 општини ќе се натпреваруваат двајца кандидати, во 14 општини ќе има тројца, во Саранда четворица, додека во Тирана на гласачкото ливче има шест кандидати.

Подготвено од М.Н.

About Author