od denes na sila zamrznati ceni ovosje i zelencuk

05.04.2023 Скопје

Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

Причина за тоа е стапувањето во сила на одлуката на Владата за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и тоа на свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони што беше донесена на вчерашната владина седница.

Оваа одлука ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, информираа од Владата.

Од Државниот пазарен инспекторат најавија дека ќе има контроли и на зелените пазари и посочија дека досега направиле повеќе од 1.800 инспекциски контроли при што во неколку случаи констатирале прекршувања на одлуката за што биле изречени казни во висина од над 2,5 милиони денари.

Подготвено од М.Н.

About Author