https://www.facebook.com/photo.php?fbid=780604043434651&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

27.04.2023 Скопје

Од денеска до 9 мај Турците кои живеат во странство ќе можат да гласаат за претседателските и парламентарните избори во Турција кои се закажани на 14 мај, а најголемата дијаспора од 1,5 милиони ќе го даде својот глас во Германија, каде се отворени вкупно 26 избирачки места.

За претседателските избори во Турција во 2018 година, Германија беше во центарот на жестока дебата, кога претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги обвини германските власти за блокирање на неговата кампања во земјата.

Вториот круг меѓу двајцата главни претседателски кандидати ќе се одржи на 28 мај, освен ако гласањето на 14 мај не донесе јасен победник со повеќе од 50 отсто од гласовите.

По 20 години на власт, Ердоган се соочува со најтешкиот изборен тест досега. Неодамнешните анкети предвидуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател и Кемал Киличдароглу, водач на редок опозициски табор на секуларни, конзервативни и националистички фракции.

Подготвено од М.Н.

About Author