20.04.2023 Скопје
Мигел Дијаз-Канел, 63-годишниот претседател на Куба, од кубанското национално собрание доби повторно поддршка и со 97,66 отсто гласови од пратениците доби нов петгодишен мандат како прв човек на таа карипска земја, а воедно и последен.
Дијаз-Канел ги наследи Фидел и Раул Кастро на чело на Куба и со тоа, по револуцијата, стана првиот лидер на оваа карипска земја надвор од кругот на семејството Кастро.
Дијаз-Канел ќе продолжи со тешката работа во земјата која минува низ најтешката економска криза во изминатите триесет години, со галопирачка инфлација и растечки бран на емиграција.
Незадоволството на локалното население е поттикнато од се поголемиот недостиг од храна, лекови и многу други основни животни потреби.
На сето тоа влијаеше и заострувањето на американското ембарго, но и пандемијата и структурната слабост на домашната економија.
Подготвено од М.Н.