https://www.facebook.com/photo.php?fbid=558450566281911&set=pb.100063509179160.-2207520000..&type=3

04.04.2023 Скопје

Новите намалувања на производството на нафта што ги најави картелот ОПЕК нема да бидат толку лоши како што изгледа, соопшти претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

Кратењата се непотребни и би можеле да имаат негативни влијанија врз работата што САД ја вршат за задржување на инфлацијата, изјави американската министерка за финансии Џенет Јелен.

„Мислиме дека оваа одлука е за жалење и е неконструктивна мерка, бидејќи се уште е рано да се предвидат нејзините реални ефекти врз цените“, истакнаа Бајден и Јелен, додавајќи дека натамошните намалувања би можеле да бараат ревизија на цените од 60 долари за барел поставен за нафтата произведена од Руска Федерација.

Подготвено од М.Н.

About Author