hajneken finansira pivnica vo novi sad

27.04.2023 Скопје

Претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ, присуствуваше на презентација на новата инвестиција на компанијата „Хајнекен Србија“ вредна 16 милиони евра, која ќе ја позиционира пиварницата на компанијата како една од технолошки најнапредните во регионот.

Ова е една од најголемите инвестиции на компанијата во Војводина досега, која вклучува дополнителна линија за лименки и технички подобрена линија за стаклена амбалажа со што е постигната значително поголема оперативна и логистичка ефикасност.

Емисиите на диоксид во дистрибуцијата се намалени за повеќе од 1.000 тони годишно, што е намалување од 20 отсто во однос на претходната година, а постигнато е речиси 100 отсто искористување на вкупните производствени капацитети.

Според Мировиќ, многу е важно 85 отсто од суровините да се откупуваат на пазарот во Војводина.

Во разговор на Митровиќ со менаџментот на компанијата беше анализирано прашањето за поскапувањето на нивните цени и беше констатирано дека на производителите на суровини треба да им се помогне со дополнителни финансиски стимулации.

Подготвено од М.Н.

About Author