https://www.flickr.com/photos/eu2017ee/36957321831

14.04.2023 Скопје

Во гостување на национална македонска телевизија, поранешниот шеф на македонската дипломатија, вицепремиер и амбасадор во САД и Холандија, Никола Димитров, најави враќање во политиката.

Димитров беше во Владата до јануари минатата година, кога при промената на премиерската позиција и заминувањето на Зоран Заев, за него немаше место во кабинетот на новиот премиер Димитар Ковачевски.

По ова, тој често во јавноста ги критикуваше владините потези во надворешната политика, а беше и категорично против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија, кој Владата го прифати и со него го отпочна процесот на пристапни преговори за членство во Европската унија.

Димитров не откри на каков начин ќе биде неговото враќање, но додаде дека за неколку недели ќе открие повеќе детали околу таа одлука.

Подготвено од М.Н.

About Author