https://www.flickr.com/photos/30330294@N05/4177723584/in/photolist-7naVEY-oCAohD-6VwdCj-JQzyhX-a4v96o-XQKiSy-eQaf3x-4LE9FU-dtk5Zi-VYpYTt-4Gmjuv-9CKDNS-8fFEYC-8yLmVb-AtfdZQ-25hkNop-2QTDzs-6bJvUJ-TTxV8a-MbYG-pjHkCi-34Lf9E-29YwjN-5vUY9-2mbGXnk-2mD9PuH-TLVdTN-2jnwdwL-2kFaxCQ-2mBJrfE-24DnETH-23jEknp-2gKoiin-6f7rZA-2kxqmPd-2iJAcVg-2maDg7g-87FqY5-JVr2PH-YCeUZs-Pu3QeN-2mRKBxC-2nUF7Bt-291nZ3C-QraLib-2irwi2c-Q6SWWM-2nrmBG6-2n5vjX8-Z9ioFs

13.04.2023 Скопје

Владата во Шпанија го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид.

Марија Хесус Монтеро Куадрадо, посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија, и дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година.

За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид.

Подготвено од М.Н.

About Author