19.04.2023 Скопје
Се очекува стар сателит на НАСА да падне на Земјата оваа недела, а експертите кои го надгледуваат леталото велат дека има мали шанси падот на сателитот да предизвика некаква опасност.
Стариот сателит „Реси“ треба да падне на Земјата вечер, објавија НАСА и американското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека локацијата каде што ќе падне сателитот не може да се открие.
Поголемиот дел од овој сателит тежок околу 300 килограми би требало да изгори за време на летот низ атмосферата, но експертите очекуваат дека некои делови ќе останат релативно неоштетени.
Пред да бидат прекинати активностите на „Ресија“ во 2018 година, поради проблеми во комуникацијата, сателитот забележал соларни изливи, како и масовни ерупции на Сонцето.
За време на активното користење на сателитот „Реси“, забележани се повеќе од 100.000 сончеви настани користејќи високоенергетски рендгенски зраци и гама зраци.
Подготвено од А.Ѓ.