bugati bolid

24.04.2023 Скопје

Кога Bugatti Chiron ќе се откаже, влегува Bolide.

Станува збор за автомобил кој ќе достигне 500 km/h за помалку од половина минута (се споменуваа 20 секунди), а ќе се бара сопственик со почетна цена од четири милиони евра.

Иако нема да смее да се вози по јавни патишта, тоа не е пречка за купувачите, бидејќи без проблем ќе се најдат „волонтери“ за планираните 40 примероци.

Иако беше претставен уште во 2021 година, сè уште нема конечна верзија. Развојот продолжува, а Bugatti сега открива некои нови детали, поткрепени со фотографии. Велат дека влегуваат во нова фаза на тестирање.

Нема сомнеж дека спојлерот е редизајниран во однос на претходната верзија, а голема е веројатноста дека е работено и на други детали. Целта останува иста, а тоа е да се распределат 1.600 КС од моторот W16 на масата на автомобилот од приближно 1.450 kg и да се пренесат на тркалата на патеката.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author