Image by teksomolika on Freepik

20.04.2023 Скопје

Синоќа на небото над Киев е забележан објект, соопшти регионалната воена управа. Тие на Телеграм наведоа дека украинските сили за воздушна одбрана се подготвени да го урнат објектот, и ги повикаа жителите да останат во своите засолништа.

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на Твитер потврди дека е забележан „силен блесок на светлина“ над Киев, но дека не се слушнала експлозија.

Официјални лица во Киев изјавија дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција изјави дека нивниот сателит се уште е во орбитата.

Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот тежок 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата во среда. Вселенското летало RHESSI, кое се користеше за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во ниската орбита на Земјата во 2002 година и деактивирано во 2018 година, објави НАСА.

Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА, изјави дека сателитот се уште бил во орбитата кога бил забележан блесокот и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата во текот на ноќта.

Украинските воздухопловни сили сугерираат дека блесокот би можел да биде и од метеорит, и ја исклучуваат можноста дека оваа светлина е резултат на руски напад.

Подготвено од М.Н.

About Author