06.04.2023 Скопје
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија му понудил на Жозе Мурињо да ја предводи нивната национална селекција, а станува збор за најбогатата понуда која ја добил еден тренер во историјата на фудбалот, односно на Мурињо му бил понуден двегодишен договор од кој би инкасирал 120 милиони евра.
На клупата Мурињо би го наследил Херве Ренард кој откако стана национален херој во Саудиска Арабија се одлучи да ја прифати понудата да ја води женската селекција на Франција.
Доколку Мурињо се одлучи да ја прифати понудата, би бил уште едно големо име кое ќе биде дел од фудбалот во оваа азиска земја.
Претходно како што е познато Кристијано Роналдо потпиша за Ал Наср за договор од 200 милиони евра по сезона.
Подготвено од М.Н.