29.04.2023 Скопје
АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата, информираше и за состојбата на граничните премини во државата.
На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, известија од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Подготвено од М.Н.