https://www.facebook.com/LajcakMiroslav/photos/basw.AbrQBDhKRx1l3LVeBIcMocMZPMPSUpx1Ka_oFc9aJXQsshqoR0Nj45bxpd8MNLZbQRndMHb7fYHzi_K_nPL0UBzAVPeS5EXZVQoQNNIGO7d2PrymiVppLukM5Q_tTngK392Kjdu_14MvuKrwEM7VzXWg/1451452344933025/?opaqueCursor=Abps06SxhGNhHdppGn_K08UKFmXmNY4RaNiG8Y7yU95TdL3S2KYOuHybyblNzPiu09O6jp1i9n-WrHRBvzJRUho1-Bvv_RAh0Qm_WhHsEGvA955mynptd-sVIfEam8CoIRDhpT1G48vTNm9UvcHv0y-A7o_sB0uR3YYjR4ywU600hVMdZkNuo4jA3YDuGy64b3tHG7KCccZla_sX4gvuLJSYWzyf0BzICuohzSmlX22FugMVDh_ZjOQje24io1vTJyQw5s4-TazhM3RRYOTV8-monhlO4wMbeSsWHxG4PiIN9qnfz7D_3SRlEdEJI6XwyS33i02tZMPL2XfiCbuNEaNq89AMzEhmV3Jleaj7l8gCy58uQrFxckw0tVi6rGSv6ObkKrO345EKs4HGVfcaINY4ZFlZoP6Elk_UDczuCfsAwIhDDuYNEJN2xdyHod4GLmOtMflmLmyn9XMEXj5dOPnRVSYWpjRvq88IWajxAL5MXdGN3UWWPzuUwf4bQcBJ3gki7nW5b6HmcP-z19xSr2N4FZtPjp0HCDfRSaN1rHKERNEeS-s_bPgqLN9ubWU113OYoc4208_TMRudZLxUGGSHKBD9gL-0pq-ncYtqvEp2HCWCE1RpwAm-1f1-VEHyLagv8I-pgfYkcrLl-hSk3zPBoMGfoWDiqN4Z90cfohbtyTh8ifXwH1wELT23xAq5Vkjflg27wQWm5J2Ih-oX8MPWIGsWluqk2ZCJIyVJlD_cICwN6unvelFIiZg6oujLFZXjX3-iWX_Pxp-CU7edBF4ihTgxf7H2oC9TO6A3o408HSurfmjCRPXzTnfibcKoFWrSAMCm6nDOWBjBJWMFCEeHgCz1SAvNNufld8onMQWGki6Yshf8dTVQ4FlNGsd9L1fcTeQxwhbHjMpxYt6mHC_IPFPrC2TCF2fbszzGwgxU0AuIPGvCVL532IUzFuF4sULKXw0jZzx5hC0bDaGGfdqgzcG5MFZ6iDER11SdhFLxtJErc7XV6RBzhR6OmmN1DfeQ-obL8vOdimzrI3RKS1gN

24.04.2023 Скопје

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека фокусот на претстојната средба на лидерите на двете страни ќе биде презентацијата на првиот нацрт статут на Заедницата на српски општини ЗСО во Косово и усвојувањето на Декларацијата за исчезнатите лица.

Лајчак истакна дека на дневен ред на средбата меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, на 2 мај во Брисел, ќе бидат и актуелни прашања што треба под итно да се разгледаат.

Лајчак ваквата агенда за следната рунда од дијалогот меѓу Вучиќ и Курти ја соопшти веднаш по синоќешното објавување на прелиминарните резултати од вонредните локални избори во четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, кои беа бојкотирани од Србите.

Подготвено од М.Н.

About Author