29.04.2023 Скопје
Синоќа околу 23.00 часот во Општина Центар, полициски службеници уапсиле малолетничка од Скопје, бидејќи при претрес на лицето била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од МВР.
Истиот ден и на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 39 годишен жител од Скопје, бидејќи кај лицето била пронајдена и одземена исто така марихуана.
На подрачјето на Гази Баба пак полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Ј.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека по целосно документирање на случаите за приведените лица ќе следуваат и соодветни поднесоци против нив.
Подготвено од М.Н.