к

 

18.04.2023 Скопје

Во организација на Македонско-хрватското друштво во сабота, 22.04.2023 година, во АРМ/Музеј на тетовски крај ќе се одржи музејска поставка на штипските Хрвати, која како тематска изложба содржи стари предмети и ракотворби од доцните 50-ти години на минатиот век.

Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и истиот ќе биде збогатен со настапот на градскиот хор „Штип 2019“. Хорот ќе ги изведе хрватските песни „Oj, Savice“, „Garavuša“, „Slavonijo“, „Gdje si majko da budiš“, како и неколку македонски песни, меѓу кои и онаа за Тетово, градот домаќин.

Мал дел од големата музејска поставка на Заедницата на Хрвати „Либертас“ од Штип се и стари предмети, ракотворби, носии, чипка.

Оваа поставка претставува збирка на предмети собрани од 4 членови на Заедницата на Хрвати „Либертас“ во Штип, а меѓу нив се и неколку народни носии од Ѓаково и Далмација. Потеклото на овие предмети е поврзано со доаѓањето на овие Хрвати на територијата на Македонија, а посебен дел од изложбата е ковчегот на љубовта (градите на љубовта), што е и името на изложбата, која содржи сериозна колекција на ткаени производи. Изложбата ќе ја отвори претседателката на „Либертас“ од Штип, Долорес Кашуба Петров.

Заедницата на Хрватите во Штип постои 11 години, а во изминатиот период беше постигната одлична соработка со МХД. Финансиска поддршка за овие настани е обезбедена од Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author