vakcini

08.04.2023 Скопје

Вакцините против рак и срцеви заболувања ќе бидат „готови до крајот на деценијата“, а милиони животи би можеле да бидат спасени со револуционерни нови вакцини против низа болести, најавија експертите.

Водечката американска фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека е уверена дека вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година.

Главниот медицински директор на Модерна, Пол Бартон, рече дека верува оти компанијата ќе може да понуди вакцини против „сите видови болести“ за само пет години.

Компанијата, која ја произведе водечката вакцина против корона, сега развива вакцини против рак кои таргетираат различни видови тумори.

„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да понудиме персонализирани вакцини против рак, против многу различни видови тумори, на луѓето околу светот“, рече Бартон.

Тој рече дека повеќе респираторни инфекции може да бидат покриени со една вакцина, што ќе им овозможи на луѓето да бидат заштитени од корона, грип и респираторен синцицијален вирус (RSV), додека терапии со mRNA може да бидат достапни за ретки болести за кои во моментов нема лекови.

Терапиите базирани на mRNA се засноваат на охрабрување на клетките да произведат протеин кој предизвикува имунолошки одговор против болеста.

„Мислам дека ќе имаме терапии засновани на mRNA за ретки болести кои претходно биле неизлечиви и мислам дека за 10 години ќе се приближиме до свет каде што всушност ќе може да ја идентификувате генетската причина за болест и излечи се користејќи технологија базирана на mRNA“, објави Бартон.

Вакцина за рак базирана на mRNA ќе го предупреди имунолошкиот систем за ракот што веќе расте во телото на пациентот, за да може да го нападне и уништи, без да ги уништи здравите клетки.

Научниците, пак, предупредуваат дека забрзаниот напредок постигнат во последните три години ќе биде залуден, доколку не се задржи високото ниво на инвестиции.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author