https://www.flickr.com/photos/aliarda/43862553084/in/photolist-29PZ3Tf-c5LHYj-BFwQPJ-qYEq2L-fQSSzs-J8K5qr-RDNzX6-5GTNhm-2478S7a-2kir2c-cz6mp-f3Ufad-ESsKW-fn27oH-YS2WXL-8qxegT-25WLHrd-d4ZcGh-BbBpNp-C92a8B-T2S3fA-4SJ9fG-Ufc6i7-BBUfQk-c5LJaE-B9ifnR-a8uoTq-xTNDCW-6qciVm-6qciwA-25MQwSy-XKDUW2-26pSSfc-8hcn3o-avPaaM-J8ySov-asUjGy-JFCAGB-aw3gN3-5nEjWh-fQwTm-fm4TLC-KupYdm-4geX94-8BvaY4-nb4jL3-eEtJRP-HC64Np-prgXWR-25zCTfu

12.04.2023 Скопје

Економијата на Република Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 1,4 отсто, а во наредната година 3,6 проценти, проценува Меѓународниот монетарен фонд во објавениот Преглед за светката економија во 2023 година.

По двоцифрените стапки во 2022, годинава инфлацијата во Република Северна Македонија според ММФ ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто.

Според ММФ, од земјите во регинот, највисок економски раст годинава ќе забележат Косово 3,5 и Црна Гора 3,2 отсто, БДП на Грција ќе се зголеми за 2,6 проценти, на Албанија за 2,2, на Србија и на Босна и Херцеговина за 2,0, на Хрватска 1,7 и на Бугарија за 1,4 отсто.

На глобално ниво ММФ годинава не очекува рецесија, туку раст од 2,8 отсто во однос на 2022, а исто така и еврозоната ќе забележи раст од 0,8 проценти, но со пад на најголемата европска економија, односно германската од 0,1 отсто.

Во прогнозата на ММФ се наведува дека глобалната инфлација ќе се намали, иако побавно од првично предвиденото, од 8,7 отсто минатата година на 7 проценти оваа година и на 4,9 во 2024 година.

Подготвено од М.Н.

About Author