04.04.2023 Скопје

Жителите од малиот град Хуарин, кој се наоѓа на западот на Боливија, се најдоа во центарот на вниманието на светската јавност бидејќи тврдат дека пред една недела на улица наишле на тело на мал вонземјанин.

Нивното откритие следело непосредно пред настан во кој тврделе дека виделе непознати летечки објекти на небото, односно некакви мистериозни зелени светла, но на улиците сретнале и чудни мали сенки налик на гоблини.

Националната телевизија во Боливија успеала да дојде до снимката на овој наводен посетител од друга планета, но и да добие изјавата на локалниот уфолог Хуан Карлос Алиага, на кого нема да му биде лесно да дојде до поконкретен заклучок во наредните денови бидејќи телото од снимката мистериозно исчезнало.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *