https://www.flickr.com/photos/191300194@N02/51159125181/in/photolist-2kWKTyr-2nWqAw2-KCrd8-2nVCK2K-2nVxKTX-qnMEGi-VDEcXL-VDEcuG-2ncq4LV-qMRG4L-qnLksF-2hFVKbW-2hcj6Am-2nSjZyx-2hpUmtU-2hpUmSp-2nVxKVa-2naJUvQ-qEcUhD-2nZMYBS-2hpTt4d-2hpUmMK-2hpUmzW-2hpUmBV-2hpTsJF-2nWsXUs-2nVD9AS-JUZxQ1-2nW9QG3-2otfEhE-2nVxKVv-qAUdYd-pWGpcr-qTtCe6-pWGqaZ-2ob7ioh-qTjzrM-qAUe9U-2hCJQUY-qB3TVV-2nRbMNN-WeQitM-WeQ8z8-UXuEAQ-RwJg1g-2orMn4N-2nVD9Aw-YhEbEb-Ymbdsa-2ogpH46

28.04.2023 Скопје

Германскиот министер за транспорт и дигитал Фолкер Висинг, изјави дека развојот на вештачката интелигенција мора да се одвива со „заштитни огради“ доволно големи за да остават простор за иновации.

Според експонентот на федералната влада, вештачката интелигенција е клучна технологија, на која не смеат да и се спротивстават со забрани, и наместо тоа мора да ги искористат можностите и потенцијалот што ги содржи.

Висинг додаде дека ги поддржува „заедничките правила за транспарентност“ на вештачката интелигенција во Г7, и дека овој сектор не смее да се остави на „автократските системи“.

Во развојот на вештачката интелигенција, експонентот на Либерално-демократската партија (ФДП) истакна дека, како демократи мора да го отворат патот и да работат на меѓународно ниво за нивните стандарди.

Висинг истакна дека сака да ја зајакне Германија во дигиталните технологии и оваа цел може да се постигне само заедно со партнерите од Г7“.

Подготвено од М.Н.

About Author