https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/277786479_538344294313563_2063378612955682662_n.jpg?_nc_cat=103&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=B6BCnQFMyQoAX8xZbji&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT8QqhkNHZprt_L3_V3antoNqvLZ__pgrCoib6d4F3gHzg&oe=62D683CD

18.04.2023 Скопје

Министерството за надворешни работи во целост демантира дека несоодветно бил применет Законот за јазиците за време на средбите со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез Буено.

Демантот е упатен до ВМРО-ДПМНЕ и портпаролката Марија Митева која побара министерот Бујар Османи да си даде оставка и кривично да одговара зашто „на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Северна Македонија“.

Од МНР напоменуваат дека употребата на службените јазици на Република Северна Македонија е материја која е регулирана со закон, каде прецизно е дефинирана употребата на службените јазици на земјава, и истата треба соодветно да се применува без притоа да биде предмет на политичка пресметка.

Подготвено од М.Н.

About Author